На 8 јуни,пред 78 години,во селото Локов,Струшка Малесија е формирана Првата македонска народно-ослободителна ударна бригада,подоцна прогласена за пролетерска.
Во Струга и во други места каде што водеше крвави борби за слобода на македонскиот народ и народностите во Македонија. По тој повод во Струга,во чест на 78 годишнината од формирањето на Бригадата под мотото:Мир –Традиција-Иднина,Сојузот на борци 1941-1945 на Македонија – Општинскиот одбор на борците и подржувачите од Струга,на 8 јуни на Денот на формирањето на Бригадата, бројната деклегација организирана во парови предводени од претседателот на боречката организација Ајредин Мемеди,и потпретседателот Ванѓел Наумоски,граѓани и претставници од локалната самоуправа положија цвеќе на споменикот од НОБ и другите спомен обележја во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот од реката Црн Дрим.
Борбениот пат на Бриигадата е мошне богат и инспиративен за формирањето на останатите бригади на подрачјето на Македонија и борбеното расположение и отпор во Егејскиот дел на Македонија,вкучуваќи го периодот на дејствување на Македонските баталјони во состав на Првата Македонска-Косовска бригада па се до завршните операции во ликвидирањето на фашистичкиот окупатор на Сремскиот фронт.
Бригадата борбено дејствува на подрачјето на Струшка Малесија и Дебарца.По борбите на „Кленоец“за одбрана на слободната територија и Богомилскиот поход,учествува во борбите за ослободување на Охрид,Струга,Дебар,Кичево и Гостивар,за потоа,со маршот под мошне тешки услови од Врање до Стара Пазова,во состав на 48 –та Дивизија,да се прослави во пробивањето на Сремскиот фронт.
Бригадата учествува во ослободување на Винковци и Славонска Пожега.Потоа во борбите за ослободување на Загреб,се до Целје и Дравоград,во чистењето од непријателските единици. По враќањето учествува во чистењето на Босна од непријателските сили,за конечно на 20 –ти јуни 1945 година,повторно да се најде во Македонија,истакна претседателот Ајредин Мемеди.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ