Во Струга се подготвува теренот за модуларна болница

Во Струга се подготвува теренот за монтирање  на модуларната болница.

Откако се наполни дневната болница и детското одделение за задоволување на потребата за лекување на се` поголемиот број на заболени од корона вирусот ќе се поставува монтажна болница со капацитет од 35 дополнителни  болнички легла.

„Започнавме да го подготвуваме тернот за монтажна болница  во новиот ковид центар што ќе е доста осленително за нашата болница Планирани се 35 кревети и дополнителна опрема. Веруваме дека ке го надминеме без проблеми но ако продолжат да растат бројките ќе треба да се размислува за нешто друго“, вели Мухамед Асани директор на струшката болница.

Засега во болницата има лекарства,  има и  медицински персонал, иако дел од нив се позитивни на корона вирусот или во изолација, но во новиот монтажен ковид центар ќе има потреба од дополнително ангажирање на кадар.

– „Имаме дел од персоналот што ни се позитивни, иолирани но во моментов покриваме како што треба. За новиот објект кој се прави ќе имаме потреба од нов персонал“, додава Асани.

Во струшката болница моментално се  хоспитализирани 35 пациенти останаа  само три слободни кревети. Состојбата од ден во ден е се` покритична, нема инфектлози, за лекување на ковид позитивните пациенти се грижат интернисти.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles