Мултиетничка Струга повторно на мета на безброј критики. По традиција во општината со години не се истакнува македонско знаме.
Кога се празнуваат државни или национални празници се вее само албанско знаме.
-„Во пресрет на 28ми Ноември, Ден на независноста на Албанија или Ден на албанското знаме, градоначалникот на град Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициони партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња.
Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.
Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава.
Што сакате да постигнете со овај потег?
За ваков ли соживот зборувавте?
Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?
За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

