Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје започнаа да вршат скриниг тестови во Струга и струшко, со цел навремено откривање на корона вирусот.
Изминативе два дена се направени околу дваесеттина тестови, а министерот најави масовно скринг тестирање во Скопје и струшко. Тоа не значи тестирање на сите граѓани, туку на онаа група, која има индиции и симптоми за Ковид 19.
Епидемиолозите и техничарите заштитени со скафандери и комплетна медицинска опрема земаат брисеви на терен од лица со симптоими, кои се праќаат на испитување во Институтот за јавно здравје Скопје. Епидемиологот првенствено спроведува стручна анкета, а потоа одредува на кои лица ќе им се прави анализа за корона вирус.
Отворените телефонски линии непрестано ѕвонат , 24 часа , велат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје , кој ги покрива општините Охрид, Струга и Дебар.
Добиваат по стотина повици дневно. Загрижени и испаничени граѓани поставуваат најразлични прашања.
-„Не престануваат со прашување. Ги интересира начинот на пренесување, симптоматологијата ја кажуваат и прашуваат дали имаат корона. Дел од матичните лекари не саката да ги прегледуваат се` додека не им направиме епидемиолошка анкета и не се утврди дали имаат корона. Ги интересира за лицата во самоизолација и прашуваат како треба да постапуваат, прашуваат за контакти со лица кои се вратиле од странство, колку е ризично да се сретнуваат со лица од странство. Пријавуваат и лица кои наместо во изолација шетаат по улица. Така да добиваме најразлични прашања во врска со короната“, вели Јованка Коровешоска епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Соња Рилковска
