Љубомир Михајловски – Џанго е избран за претседател на Адвокатската комора на Република Македонија.
Македонските адвокати го избраа Михајловски за нов претседател, а негови заменици се Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Адвокатската комора на Македонија доби и нов Управен одбор.Љубомир Михајловски е поранешен министер за внатрешни работи во периодот од 2004 до 2006 година, а на функцијата претседател на АКРМ доаѓа на местото на Никола Додевски, кој му беше адвокат на Никола Груевски во повеќе судски процеси.Со 63-тото годишно собрание кое се одржа во Струга претседаваше адвокатката Снежана Калевска, а присуствуваа 219 од предвидените 270 делегати.На собирот во Струга, адвокатите ги одбележаа „Деновите на македонската адвокатура“ и јубилејните 73 години од основањето на Адвокатската комора на Република Македонија и на формално-правното етаблирање на адвокатурата во Македонија, која, како што беше нагласено на денешниот настан, во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.