Во струшката гимназија 6 паралелки на албански, 3 на македонски јазик

За жал, процесот на образование во Струга, незапирливо тоне, рече Мартина Јанковска-Стојаноска портпарол на ВРО ДПМНЕ Струга. 

-„Интересите и апетитите на коалицијата СДСМ- ДУИ на локално ниво стануваат се’ поголеми.
Воопшто не се води грижа за интересите на граѓаните, туку само се профитира на лична основа.
Учебната година, 2019-2020, започна со низа проблеми во сите сфери на образованието и сведоци сме дека нема интерес кај одговорните, истите да бидат решени.
Оваа академска година за студентите од Правниот факултет ,,Свети Климент Охридски” на Дисперзираните студии во Струга воопшто не започна. Барањето на седумдесет и пет заинтересирани студенти за запишување на овој факултет беше одбиено, без никакво образложение. Овие дисперзирани студии во Струга егзистираат од 2009г. без прекин, но за жал, годинава ќе згаснат без никаква причина. Зарем е човечно да се остават без работа лицата кои што работаат таму во изминатиов период, како и, одземањето право на студентите од Струга и Охрид, да студираат на овој факултет.
Го замолуваме деканот на Правниот факултет, г.Горан Илиќ, да им даде образложение, како на студентите и вработените, така и на целокупната македонска јавност зошто згаснуваат овие студии после 10 години постоење. Зошто им се скратува можноста на студентите да се запишат на државен универзитет со државна квота од 200 евра, а сето тоа, во интерес на приватните кои што се десет пати поскапи?За жал, проблемите во Струга се продлабочија и зедоа замав и во основното и средното образование“, вели портпаролот на општнската ВМРО ДПМНЕ Мартина Јанковска-Стојаноска . 

 

Оваа учебна година во струшката гимназија ,,Д-р Ибраим Темо” на 1 јули со ист број на ученици, во прва година, се издејствувале согласности за отварање 6 паралелки на албански наставен јазик, а за жал, само 3 на македонски.

-„Се поставува прашањето како е возможно за ист број на ученици, да се добијат согласности за 6 на албански, а само 3 на македонски наставен јазик? Упатените лица, вината ја гледаат кај заменикот директор на гимназијата, Јовица Попоски и неговата незаинтересираност за барање согласности за поголем број паралелки на македонски наставен јазик. Па, би сакале да даде соодветно образложение пред стружани, зошто дозволил да се случи ова?
Стартот на оваа учебна година и за првачињата во старата зграда на ООУ,,Браќа Миладиновци” беше поразителен поради нечовечките услови кои ги разгневија родителите, но и останатите граѓани, па побараа од градоначалникот, Рамиз Мерко, итно решавање на овој проблем, а тоа е отварање на новата училишна зграда за која што навремено беа донирани средства.
Се прашуваме, до кога образованието во Струга ќе биде само еден брод што постојано тоне?
Стружани нималку не го заслужуваат тоа!
Почитувани господа од Власта, имавте полни усти ветувања дека ќе ги задржите младите кадри во државава, а вие упорно им ги скратувате сите можности и желби да останат во својата татковина и да ги вложат своето знаење и иновативност тука.
Ова мора да се промени!Нема да дозволиме да се изживувате врз наши деца и идните генерации!“, додава Стојаноска. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани