Иницијаторот на караницата заработи кривична пријава.
На 06.09.2019 година во 13 часот и 15 минути, на градскиот пазар во Струга нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување од К.Ј. кон С.Ј.(56), двајцата од Струга.
Против нарушителот, полициската станица од Струга, според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе поднесе соодветна пријава.