Традиционалниот турнир во Баскет 3×3 кој го организирa ЈП Билјанини Извори во соработка со Општина Охрид а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид влегува во самата завршница.
Вчерашното седмо коло и четвртфиналните натпревари ги определија тимовите кои ќе ги одмерат силите на двете полуфинални средби. Во првото полуфинале ќе играат екипите на Ликвид и НОА додека во второто екипите на Дента Медика и Алпојо. Натпреварите ќе се играат во среда (06. 11.) со почеток од 20 часот. После завршување на полуфиналните натпревари ќе се игра и самата завршница по која ќе ги добијаме овогодинешните првопласирани три екипи на второто издание од Баскет турнирот 3×3. ЈП Билјанини Извори Ве поканува да бидете дел од супер спортската среда која започнува со ракометниот суперлигашки натпревар помеѓу РК Охрид и Металург 2 во 18 часот и продложува со супер интересната завршница од турнирот во Баскет 3×3.
