Водата во Охридското езеро е безбедна за спорт и рекреација.
Дамките во езерото, кои наликуваат на некакво загадување се природна реакција од цутењето на езерските алги окрек и реса.
-„Најголемиот број примероци од Охридското езеро, преку 95%, кои се земени и анализирани се со добар квалитет и можат да се користат за капење,спорт и рекреација“, вели Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје.