Тројцата претепале 27 годишен маж.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“ Полициската станица од Струга, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против М.Е.(19) и Г.М.(38), двајцата од струшкото село Радолишта, како и против А.Т.(25) од Охрид.Тие, на 24.06.2019 на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга физички го нападнале Д.А.(27) од Струга и со тврд предмет го оштетиле неговото патничко возило.