Вработените под министерство за култура без плата

Вработените во институциите што спаѓаат под министерството за култура сеуште немаат земено месечен надомест за месец jули иако законскиот рок беше 10август, информираат од синдикатот. 

 

гора на тоа, институција по институција остануваат без здравствено осигурување, на поголемиот дел осигурувањето им истекува заклучно со 31.08.2020.
Во време на светска епидемија која пренагласено се чувствува во нашата земја, вработените од областа култура се оставени да се лечат со бабини лекови!
Министре Венко Филипче , премиере во најава Zoran Zaev , дали барем ќе не удостоите со одговор преку јавните гласила во што е проблемот! Колективниот е потпишан, административните банални глупости што ни ги наметнавте се закочени од МИОА, ваш кадар!
Медиумите не објавуваат ништо! Страв и трепет ги демне ! До кога жртва ќе е работникот а некои ќе земаат убави плати во непостоечки, фиктивни институции и министерства ?
До кога не работниците од министерство за култура ќе се толерираат за предизвикување на вакви ситуции кои се одраз на нивното незнаење и марзеливост?
Кога ќе вработите кадарни правници и други административни работници?
Доколку некој не е кадарен за тоа што го работи прераспоредетего на соодветно место според нивната способност а не според купени дипломи!, вели  Васко Јолески претседател на синдикалната организација на Музеј “др. Никола Незлобински” Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани