Втор пат Охрид ТрчаТ

Денеска со почеток во 10 часот на градскиот плоштад и низ улиците на Охрид втора година по ред ќе се одржи најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“.

Над 1000 учесници ќе трчаат во три дисциплини. Натпреварувачкиот дел е на 10 километри, а 5 километарската и тим билдинг трката се со рекреативен карактер.

Организаторите за што подобра промоција на Охрид и Атлетскиот викенд како минатата така и оваа година обезбедија пренос во живо. Во отворено студио ќе има многу гости, разговори со организаторите и други од гостите и учесниците на спортската манифестација. Преносот во живо ќе започне во 9 часот и 20 минути, а почетокот на трките е закажан за 10 часот.

 Линкот од ју тјуб на кој ќе оди преносот во живо:  https://www.youtube.com/watch?v=TUOrLyaSQm4

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани