Од 07:15 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан.
Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.Од 08:45ч. на патниот правец Тетово-П.Шапка се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (ланци).
Од 08:55ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
