Забрана за капење на плажа „Партизан“ во Охрид

Поставени знаци за „Забрана за капење“ на плажа Парѕизан во Охрид.

На потегот Далјан, Грашница, кај вливот на Велгошка река плажа Партизан квалитетот на водата не ги задоволува условите за спорт и рекреација. Анализите на Центарот за јавно здравје покажале  трета категорија, односно микробиолошки неисправна вода. 

Санитариот државен инспекторат воведе привремена забрана за капење за што за прв пат се поставени и соодветни знаци. 

Причината за загадувањето се влевањео на загадените реки и излевањето на колекторскиот систем, кој со години е неисправен.

-„Ние континуирано, речиси секој втор ден земаме примероци на  вода од Охридското езеро и вршиме анализи. Се додека водата на тој потег е микробиолошки неисправна на сила ќе биде забраа за капење, спорт и рекреација“, вели Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје во изјава за Охриднет.

Фото Фејсбук 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани