Холанѓаните возат велосипед исто како да садат 54 милиони дрвја годишно

Холанѓаните возат толку многу велосипед што е исто како да садат 54 милиони дрвја секоја година.

Со возење велосипед 7 км се заштедува 1 кг СО2 во споредба со кога се вози автомобил. Холанѓаните се на прво место во светот по возењето велосипед и во земјата има повеќе велосипеди отколку луѓе.

Една четвртина од сите патувања во Холандија се прават со велосипед. Освен рамната површина, она што ги поттикнува луѓето да возат велосипед се и владините мерки како изградбата на цела мрежа од велосипедски патеки и промовирањето на бенефитите по здравјето.

Image result for холандија велосипеди

Според анализите, возењето велосипед го продолжува животот на луѓето во просек за 6 месеции заштедува повеќе од 3% од националниот БДП. Возењето велосипед дури може и да им донесе заработка. Некои компании на своите вработени им нудат пари за да возат велосипед до работа и назад.

Возењето велосипеди во Холандија исто како да се садат 54 милиони дрвја секоја година

На глобално нибо, транспортот со камиони е еден од најголемите причинители на емисијата на СО2 во воздухот и веќе е одговорен за една четвртина од вкупната емисија на СО2. Собраќајот со автомобили, пак, е делумно одговорен за ситуацијата денеска и како последица на загадениот воздух годишно има по 3,7 прерано умрени луѓе.

Иновативност.мк 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани