Економска трибина „Силна економија – шанса за сите“ , која неодамна ја започна владата на Република Македонија денес ќе се одржи во Охрид.
Во центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 30 часот на отворена тибина Заев и неговите економски соработници и претставници од локалната власт заедно со граѓаните ќе дискутираат за економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.
Трибините со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.
– „Петок, 01-ви феврувари во посета на Охрид доаѓа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Во 12:30 часот во Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев’’ во Охрид ќе се одржи трибина со граѓаните ,,Силна економија – шанса за сите” на којашто граѓаните и претставниците на компаниите до Охрид ќе дебатираат заедно со претседателот на Владата на Репулика Македонија, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.Трибините со граѓаните ,,Силна економија – шанса за сите” се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.СДСМ – Охрид ги поканува сите граѓани, членови и симпатизери на партијата од Охрид и регионот да присуствуваат на трибината“, стои во соопштението од СДСМ.
