Македонија на 59 то место по безбедност

Глобал Фајненс направи истражување за тоа кои земји се најбезбедни во светот. Според нивното истражување направено според неколку фактори, војната и мир, лична безбедност, и ризик од природни непогоди Македнија се најде на 59 место.

 

Сето тоа ја прави Македонија да биде на радар од страна на странските компании кои се заинтересиран за инвестирање кај нас, но според многумина ова место е нереално.

На првото место се најде Исланд кој веќе неколку години по ред се наоѓа на прво место како најбезбедна земја во светот ,а на последното место како најнебезбедни се Јемен и Филипините. Интересно е дека Македонија е побезбедна земја од САД, кои се на 65-то место.

Од земјите кои се наоѓаат во нашиот регион, најбезбедна е Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија и на крај следува Албанија, пишува Фактор. 

Речиси 16 места од првите на листата се држави од Европа, а останатите кои се на врвот, а не се од Европа се Катар, Сингапур, Нов Зеланд и Канада.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани