Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнаа со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “.

-Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина
на улицата.
Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на работите е АД „ Илинден “ Струга.
Поради започнување на градежните активности надлежните служби упатуваат апел до граѓаните за внимателно движење на оваа улица, информира градоначалникот Константин Георгиески.
