Засилени градежни зафати на затворениот базен во Охрид

Затворениот базен во Охрид ќе биде готов на крајот од идната година.

Деновиве ќе се става последната  бетонска плоча  и засилено  ќе продолжат градежните активности.

 Изградбата доцни неколку години, работите беа стопирани , бидејќи изведувачот се соочил со бројни проблеми, појаснуваат од Агенцијата за спорт и млади.

  При ископите непредвидено се наавлегло под нивото  на езерото и се појавила  вода во темелите на градежниот објект. Конечно надлежните изнашле  соодветно современо  решение и изградбата продолжува.

– „На изведувачот му се даде рок најкасно до 31 12 2020 година да го заврши  базенот во Охрид. Секако по првичниот проект и реално да се заврши со тоа што овие денови ќе биде ставена последната плоша ќе остане само внатрешниот дел и опремата што сум прилично убеден дека  ќе  биде завршен до крајот на следната година“, вели Дарко Каевски директор на Агенција за спорт и млади.

Од локалната самоуправа се загрижени за стопанисувањето со затворениот базен. Стравуваат од огромни загуби и нерентабилно работење. Од друга страна од Агенцијата за спорт и млади велат ќе се изнајде начин за домаќинско работење.

-„Базените секаде низ Европа се нерентабилни однсоно генерираат дополнителни трошоци и загуба,  но со домаќинско користење на базенот и тоа како може да се најдат средства да биде рентаблен,  односно да можат со средствата кои што ќе се добијат од самото користење на базенот да се покријат сите трошоци кои што ќе ги има. Организиравме неколку консултации со спортски работници со пливачки клубови со луѓе инволвирани во ватерполото и е ќе  најдеме заеднички решенија да видиме како тоа ќе функционира да не биде повторно по неколку години да ги видиме во ваква лоша состојба базените“, вели Каевски.

Затворениот пливачки базен е долгогодишен сон на охриѓани, ќе придонесе за враќање на  пливањето и ватерполото во градот на вода

. Според проектот базенот се гради на површина од 15 илјади квадратни метри,  со димензии од 33 на 22 метри, трибини и над 500 седишта. Во  репрезентативниот комплекс  треба да  има два базени, спа и велнес цетар, фитнес клуб,продавници, игротека,  угостителски објект и други комерцијални содржини. Капиталниот проект чини 5 милиони евра.

Изградбата започна во 2015 година Според тогашните оптимистички најави базенот требаше да биде готов и отворен на крајот од 2017 година или почетокот на 2018, но до ден денес  остана  карабина.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани