Затворена струшка хирургија лекарите заразени од морбили

Затворена струшка хирургија лекарите заразени од морбили.

 

Половина година откако земјава се бори со заразната болест мали сипаници, морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница.

Половина од вработените, лекари и медицински персонал  се заболени со ситни сипаници.Од оваа болница 14 вработени се болни од морбили. Дел од заболените се вакцинирани со една доза. Началникот на хируршкото одделение вели дека првичниот рок ќе биде на 28-ми мај, но се зависи дали ќе има и нови заболени.

Закажаните операции се откажани, а пациентите се препраќаат во Охрид или во Скопје на операција.

 Од Инситутот за јавно здравје со повторување на препорката медицинскиот кадар да го провери својот вакцинален статус, со можност за ревакцинирање. Минатата недела пикот на заболени беше највисок 130. Најголем број од заболените се надвор од Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани