Од петокот одделението за трансфузиологија при охридската болница е под клуч.
Причина за тоа е што првозаболениот пациент од корона вирусот во Охрид, бил на испитување во охрдиското одделение за трансфузиологија.
-„ Првозаболенит пациент од Охрид се вратил од Бреша Италија на 5 ти март, а преглед на тромбоцити во крвта правел на 9 ти март. Пациентот имал срцеви проблеми“, појаснуваат лекари од охридската болница за Охриднет.ком.
Лекари и медицински сестри се во самоизолација, а трансузиолошкото одделение е дезинфицирано и заклучено.
