Пријава за угостител од Лабуништа, си ја отворил кафаната

На 21.03.2020 година екипи од полициски службеници од ОВР Струга и инспектори од Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на општините Струга и Вевчани извршија контрола на 10 угостителски објекти, а во врска со спроведувањето на одлуката на Владата на РСМ за заштита од вирусот КОВИД-19.

Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во селото Лабуништа ги прекршил предвидените мерки по што, со решение од Пазарната инспекција, веднаш е затворен. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани