Заврши увидот во избирачкиот список

 

 

 Синоќа на полноќ завршува рокот за јавен увид во избирачкиот список, во пресрет на локалните избори.

Според податоците од Државната изборна комисија, заклучно со 6-ти септември, во општинската организација во Охрид, проверка направиле 1717 охриѓани. Списокот за Локалните избори закажани за 15-ти октомври, според Роковникот, ДИК треба да го заклучи најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид односно до 24-ти септември.До Државната изборна комисја засега нема пристигнато кандидатски листи за градоначалници и советници. Во четврток на полноќ истекува перидот во кој партиите или независните кандидати можат да ги поднесат своите кандидатури за учество на претстојните локални избори. Од ДИК велат дека засега ниту една општинска комисија во внатрешноста на државата, не информирала за поднесени кандидатури на советнички листи или кандидати за градоначалници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани