Завршува реконструкцијата на крак од улицата “Дејан Војвода”.
Денеска на улицата се поставуваше асфалтен слој и со тоа завршува реконструкцијата. Асфалтирана е површина од околу 340 метри квадратни, односно 85 метри должина и 4 метри ширина. Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа. Финансиски средства за реконструкција на улицата “Дејан Војвода” целосно се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.