Завршува сезоната во Охрид, кои се слабостите?

Туристичката сезона стивнува. На почеток на октомври на брегот на Охридското езеро  одмараат последните странски гости. Хотелите се закупени до средината на овој месец.

 

После успешната сезона, со поголем број туристи во однос на лани, се сумираат  успесите,  но и пропустите  во туризмот.

Нехигиената и  нелојалната конкуренција,  хотелиерите ги издвојуваат како  клучни проблеми на  туристичкото стопанство.

– „Кога во вакви услови кога големиот проблем е решен туристите ни се тука  навистина е специфично што ние не можеме за жал да ги средиме и решиме помалите работи кои се важен дел во целокупната слика. Години наназад а еве и денес ние се уште разговараме за  несредена околина, лоша хигиена , недефинирани програмски концертни содржини во тек на летото, кучиња скитници и слично. Еден голем парадокс од една страна зголемен број на странски туристи од друга страна неможност да се решат ситните проблеми“ , вели Тоше Чочороски  хотелиер.

Агенцијата за туризам започна со изработка на стратегија за туризам , со која темелно и одговорно ќе  се одлучи во кој правец ќе се движи туристичкото стопанство.

-„Треба јасно да дефинираме каков туризам сака Македонијабидејки во моментов сите работиме се снаоѓаме на свој начин но дефинитивно сето ова што го имаме како природни убавини, како културно наследство  за среќа како одлични услови во хотелските капацитети бидејки хотелиерите секоја година вложуваат во рпилог на задоволување на потребите на странците  значи сето тоа треба дефинитивно да се канализира во добар  правец“, додава Чочороски.

Во Охрид годинава најбројни  по традиција беа  туристите од Холандија и Полска, но гости имаше од сите страни на светот. За  идната година веќе се работи на освојување на нови туристички пазари.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани