Туристичка презентација на Охрид и Македонија на SEET 2018

Охрид и Македонија ќе се презентираат на South East Europe Tourism конференцијата во Охрид.

Охридските и македонските туристички потенцијали на Охрид ќе се презентираат на South East Europe Tourism конференцијата што се одржува во Белград-Република Србија. SEET 2018 – Туризам за Југоисточна Европа e 8-ма бизнис конференција која се одржува под покровителство на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија.Македонските, а во тој контекст и охридските туристички можности и потенцијали ќе ги претстави Љупчо Јанески, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и неговиот работен тим.
На конференцијата SEET 2018, учествуваат над 400 делегати од ЕУ, Русија, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Турција, земјите од Југо-источна Европа,претставници на реномирани меѓународни организации и бизнис асоцијации во туристичката индустрија. Целта е позначајно туристичко поврзување и создавање на нова и одржлива стратегија за позиционирање на регионот во карактеристична и посакувана туристичка дестинација, која треба да обезбеди долгорочна профитабилност и одржлива конкурентност.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани