Завршува вонредната состојба, нема договор за избори

Лидерите на двете најголеми партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вчерашната средба не постигнаа договор за датум за одржување на предвремени парламентарни избори.

 

Лидерите се договориле да ја продолжат комуникацијата околу датумот.

Вечерва завршува 14-дневната вонредна состојба која беше воведена од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски поради состојбата со коронавирусот.

Првата вонредна состојба беше прогласена на 18 март, а до сега на територија на цела држава четири пати беше продолжувана.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани