Ветувањата за Живот се претворија во беда, ветувањата за напред тргнаа за назад!, обвини Александар Здравевски, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Отворивте ли Канцеларија за мади? НЕ, не отворивте!
Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте!
Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте!
Профункционира ли Советот за млади? НЕ, не профункционира!
Изготвивте ли Општинска стратегија за млади? НЕ, не изготвивте!
Каде е сега младината на СДСМ којашто велеше зборот е збор однесувајќи се со потценувачки однос кон младите?
Извадени Ви се и маската и шминката!
Младите не бараат ништо друго освен тоа што сте им го ветиле.
Погубните политики на СДСМ и Георгиески доведоа до масовно иселување на младите од Охрид. Нивната мисија е младите да размислуваат само како да го напуштат родното место. Ете затоа и авионите се полни со млади кои среќата си ја бараат на други места.
Со СДСМ и Георгиески нема повеќе можности за младите, ниту пак подобрување на положбата на младите во Охрид“, додаде Здравески.
