Здружението на ветерани во посета на Берат

Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на еднодневна екскурзија во соседна Албанија,каде што го посетија градот Берат.


Според претседателот на здружението на ветерани и резервисти од одбраната и заштитата,за Струга Петко Шипинкаровски,истакна дека ги реализира своите програмски цели и задачи и со својата активност здружението стана препознатливо во македонскиот невладин сектор и пошироко истакна Шипинкаровски.
20 –тина членови на оваа здружение во градот Берат посетија голем дел од културното наследство.
Берат е деветиот по големина град на населението во Република Албанија.Градот е главен град на околната област,Берат 71 километар северно од Ѓирокастер,исто толку одалечен од Корча,и 70 километри јужно од Тирана.
Берат се наоѓа во јужниот дел на земјата опкружен со планини и ридови вклучувајќи Томор на исток,кој беше прогласенза национален парк.Реката Осум поминува низ градот пред да се испушти во реката Семон во рамнината Мизек.
Името на градот на албански јазик е „Берат“ или „Бел ( и ) град“што значи „Белград“ Во 1961 година е прогласен за музејски град.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани