Земјотресот најсилно почуствуван во Охрид и Струга.
-„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 2 часот и 20 минути регистрирше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 140km југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.8, а беше најсилно почувствуван во југозападниот дел од Републиката, и тоа најсилно од населението во Охрид и Струга со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во Ресен со интензитет од IV-V степени, во Битола, Кичево, Крушево и Дебар со IV степени, во Прилеп со интензитет од III-IV а во Скопје, Гостивар и Тетово со интензитет од III степени според истата скала“, стои во соопштението од Сеизмолошката опсерваторива во земјава.