Задушница – помолете се за покој на мртвите

Според календарот на Македонската православна црква денес   е Духовденска Задушница.

Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.

Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни претци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите на упокоените. 

МПЦ во текот на  годината одбележува и есенски задушници, потоа летни Духовденски, пролетни во очи големиот пост и зимски задушници.  

Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со црвено вино.

На празникот Задушница најважна треба да биде молитвата за покој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, советуваат свештениците.

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците.

Не треба да се остава храна на гробовите, ниту да се бдее над нив.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани