Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе три кривични пријави против И.Ќ.(61),И.Љ.(38), двајцата од Струга и И.Г.(60) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола на лица на кои им било издадено решение од ДСЗИ за самоизолација, полициски службеници на 01.07.2020 не го пронашле И.Ќ. во неговиот дом, а на 06.07.2020не биле дома пронајдени И.Љ. и И.Г., поради што пријавените биле спроведени во строга изолација (карантин) во објект одреден од страна на Владата на Р.С. Македонија.
