Жителите од населбата „Христо Узунов“ денеска преку мирен протест го изразија револтот против поставувањето на антена предавател на една од зградите .
Антената е од компанијата Телеком. Станарите само од едниот влез собрале потписи за нејзиното поставување, додека дригиот влез иако е од истата станбена зграда не било побарано никакво мислење.
Антена со толкави димензии не смее да биде поставена во населено место, тврдат жителите за Охриднет.
– „Ваква антена со овие димензии не смее да биде поставена во близина на населено место, односно треба да биде оддалечена 400 метри минимум од живеалиштата. На 400 метри од оваа антена живеат околу 5000 луѓе, кои секојдневно ќе бидат на мета на зрачење, кое сите сме свесни дека е штетно по здравјето на луѓето. Побаравме да се стопира местењето на ова антена. Утре ќе имаме уште помасовен простест зависно од исходот, ќе г преземеме сите рпавни механизми кои ни се на располагање да го спречиме овој чин“, велат револтирани жители во изјава за Охриднет.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
