Живот со рестрикции се` до пронаоѓање на вакцина

И по укинувањето на рестриктивните мерки, животот нема да биде каков што бил, туку ќе има поинаков начин на организирање на животните процеси.

Мерките за претпазливост ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ 24.

-Животот нема да биде ист како што беше. Не само кај нас, туку и во светот. Секоја држава има своја специфика, но, универзалните мерки остануваат, а тоа се одржувањето на физичка дистанца, носењето маски, да нема групирање. На есен, кога се очекува нов пик, ќе имаме поинакво организација на многу животни процеси. Ќе остане носењето на маска. Веројатно ќе треба и поголема дистанцата на седење во училиштата, во рестораните, на работните места, во големите производствени сали. Нема исто да биде организиран и јавниот превоз. Значи, секаде ќе треба да се одржуваа оваа дистанца од метар, метар и половина. Нема да се седи исто и во авионите. Тоа така ќе биде се до појавата на вакцината и на таков начин да се стекне имунитет, изјави министерот Филипче.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани