Жолти таблици за такси возилата

Такси возилата во Македонија ќе имаат жолти таблици.

Со цел да се спречи нелојалната конкуренција, државата го прифати барањето на здруженијата за авто-такси превоз.Тоа значи дека во иднина регистарските таблици на такси возилата ќе бидат во жолта боја.Надлежните сметаат дека на овој начин ќе се стави ред во такси превозот, при што граѓаните полесно ќе ги препознаваат лиценцираните и регистрирани такси превозници. Новина во овој дел на законот за автомобили е воведувањето на светлечна табла за такси возилата.

Social profiles