52 годишен стружанец починал во болница.
Синоќа во 20.55 часот, на магистралиот пат Струга-Ќафасан, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга.
– Тој бил пренесен во Општата болница во Струга каде, им подлегнал на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.