Зимата ќе трае 89 дена

Во Македонија и на целата северна хемисфера на Земјата календарски зимата започна на 21 декември, во 17: 28 часот.

Во исто време на јужната Земјина полутопка започнува летото.

На почетокот на зимата, односно денес денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 06:57 часот, а ќе зајде во 16:05 часот. Најкусиот ден во годината – вчера траеше  9 часа и 8 минути.

Зимата ќе трае до 20 март 2019. година во 17:15 часот или поточно 89 дена, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани