„Волшебна елка“ – Дарувајте, секое дете заслужува подарок

„ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и со цел да ја исполни новогодишната желба напишана во него.

Акцијата трае од 10 до 22 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 24 декември (сабота), околу Волшебната елка.
Во РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик.
Бидете хумани, дарувајте и израдувајте, апелираат од Црвен крст Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани