Ј.П.Охридски Комуналец активно вклучен во подготовките на културно-верската манифестација Богојавление-Водици. Се чисти пристаништето за бројните капачи и положувањето на Светиот крст, а низ градските улици се развеаа Богојавленските знамиња.
Оперативните служби, традиционално со активности пред најмасовната манифестација посветена на христијанскиот празник Богојавление-Водици, за достојно одбележување како што му доликува на Охрид.
-Се расчистува делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, ангажирана е и специјална механизација. Се украсува централното градско подрачје и градското пристаниште во знакот на Богојавленските празнувања. Јавната хигиена на локациите каде ќе одвиваат настаните се одржува на највисоко ниво, информираат од ЈП Охридски комуналец.