Во угостителски објект нападнат седумнаесетгодишник

Неколку лица нападнале седумнаестгодишник од Охрид.

На 03.02.2024 година во 02.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект во Охрид,  лица физички го нападнале Х.Т.(17) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај охриѓанец нападнал стружанка.

На 03.02.2024 година во 04.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, С.В. од Охрид, во својот автомобил физички ја нападнал Е.П. од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во сооштението на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани