Вработените во Градски Пазар, се вклучија во работна акција за санирање на штетата од пожарот кој избувна во соседниот угостителски објект и го зафати Затворениот зелен пазар, со што настана попреченост во одвивањето на дејноста на пазарџиите.
Вработените извршија комплетно чистење и миење на подот и прозорците.Се изврши и подигање на сметот во пазарот за што помогна екипа на ЈП Охридски Комуналец
Директорот Алесандар Попоски истакнува дека очекува во најскоро време затворениот зелен пазар да продолжи да функционира непречено и повторно да се создаде работна средина каде што здравјето ќе биде од клучно значење за продуктивноста и задоволството како на пазарџиите така и на вработените во одделениeто за работа на пазар.