Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад ,,ОХРИД ЕКО 2023,,
Акцијата се изведе на две локации: Извори Св Наум, Пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.
Во неа зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.
Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.
-Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го транспортираат до депонија. Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад ни објаснува раководителот на АМФОРА Јован Секулоски Интернационален Инструктотр Тренер и потенцира дека со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел Вистинска заштита на Охрдското Езеро, пишуваат од НК Амфора.