Градоначалникот Пецаков со поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Во рамки на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“.

На средбата беше истакнато дека оваа кампања стана препознатлив белег на месецот февруари и дека истата значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување. Исто така беше разговарано и за поддршката која Општина Охрид, трета година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.

Градоначалникот Пецаков изрази надеж дека секој нареден февруари, преку заедничка соработка ќе може да споделат нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест.

На средбата, градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска ги обоија дланките како симбол на надеж дека ќе се обезбеди поголем медицински напредок во третманот и лекувањето на ретките дијагнози.

Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести “ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани