Вчера (11.12.2023 година) во општинското средно училиште ,,Св.Кирил и Методиј“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Охрид и претставници на невладината организација „Инклузив“, одржаа едукативно предавање на тема „Препознавање , спречување и заштита од насилство врз жените“. Притоа, учениците од прва до четврта година беа запознаени со основните појавни облици на насилството врз жените, како и постапувањето на институциите за нивна ефективна заштита, но и за превенирање на оваа девијантна појава во општеството. Едукативната работилница беше спроведена во рамките на превентивната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.