Објавен јавен повик за субвенционирање на линиски превоз

Согласно Програмата за работа на Советот на  општина Охрид за 2024 година (А0)(„Службен гласник на општина Охрид“ бр.14 од 28.12.2023 година  со број  08-18774/28 од 27.12.2023 година, Програмата Ј6  Одржување и заштита на локални патишта,  улици и регулирање на режим на сообраќај за 2024 година со број 08-18774/42 од 27.12.2023 година, и Правилник за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид, како и превоз на патници што заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца со број 09-480/1 од 12.01.2024 година, Општина Охрид објавува:

1.Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти кои обавуваат
линиски превоз на патници во услови на економска криза односно овозможување одржливост на линискиот
превоз преку доделување на субвенции за реализиран превоз на патници за 2023 година.
1.1 Начинот на доделување на субвенциите и максималниот износ на субвенција која може да се
добие за секоја линија поооделно се дадаени во Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски
превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, како и превозот на патници што заеднички го организираат
Општина Охрид и Општина Дебрца со број 09-480/1 од 12.01.2024
2. Критериумите за учество на Јавниот повик, начинот на пријавување на деловните субјекти кои
обавуваат општински линиски превоз на патници на територија на Општина Охрид како и превоз на патници
што заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца, како и начинот на исплата на средствата
се уредени во Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на
општина Охрид, како и превозот на патници што заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца
составен дел на овој јавен повик.

Повеќе детали на следниот линк:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани