Отворени 7.ми Спортски игри на Синдикатот на администрацијата и државната управа.
-„Во името на Општина Охрид ги поздравив учесниците и гостите особено ценејќи ја определбата спортските игри да се одржуваат во Охрид, градот кој нуди можности за развој на спортскиот туризам, како надополнување на останатите културни, духовни и туристички содржини кои ги поседува. Новата локална власт во Охрид овозможи услови да се формира синдикат на администрацијата и за првпат потпиша Колективен договор на ниво на работодавец со кој се гарантираат и унапредуваат правата на администрацијата во Општината“, истакна Перчо Божиноски заменик градоначалник на општина Охрид.
Покрај постигнувањата добри спортски резултатите во прв план секако се заедничките дружења и размената на искуства и соработка меѓу синдикатите.
Во последно време синдикатите во Македонија, бележат успех во подобрувањето на условите за работа и поголеми примања со што се станува значаен партнер во носењето социјални одлуки на надлежните.