Пензионерките од Струга во посета на Крушево

Неодамна 60 жени пензионерки членки на Активот на жени пензионери од Струга, го посетија градот на бајките, предводени од претседателката Елисавета Лазареска и претседателот на здружението Милорад Трпоски.
Крушево отсекогаш бил македонскиот „град од бајките“, во сите четири годишни времиња. Крушево плени со својата убавина, од историјата па до сегашнотоста, а нешто што паѓа в очи е сликата на крушевскиот архитектонски пејзаж.
Прво беше посетен споменикот на националноослоослободителната борба и Илинденското востанике „Македониум“, откриен на 2 август 1974 година. Во училницата на платото пред спомникот на историскиот час што го одржа кустосот на музејот, овие возрасни посетители најголемо интересирање пројавија за настаните кои ја испишале историјата на својот народ. Потоа, беше посетен музејот на Илинденското востание и Крушевската република, сместена во староградската куќа од 19 век, во која е прогласена Крушевската република 1903 година.
Целта на оваа екскурзија е од забавен и научен карактер беше и посетата на гробот на Крушевската легенда Тоше Проески, неговиот Спомен дом како и неодамна осветен големиот  прекрасен храм „Св.Преображение“, кој започна со изградба Тоше Проески, на темели од стара црква високо горе во планината.
Пензионерките, по прошетката низ градот не пропуштија да прошетаат низ боровата шума, која во 1934 година ја засадил Миросав Јоксимовиќ, прв претседател на бившиот срески суд во Крушево во времето 1934 – 1941 година. За ова и други дела, граѓаните на овој град му подигаа спомен-обележје, од работната заедница на Општинскиот суд Крушево во 1971 година.
Жените пензионерки од сите посетени места направија фотографии за спомен. А, по ручекот на крушевските специјалитети го напуштија „градот од бајките “ презадоволни, но со порака дека повторно ќе го посетат а посебно оние мместа што не стигнаа сега да ги постетат рече Лазареска.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани