Поддршка за „ретките“ и од градоначалникот Пецаков

Преку боите на ретките, Охрид и годинава ќе испрати силна поддршка и ќе го крене гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства.
Како заедница која ја негува различноста и ја поддржува борбата за човечност и солидарност, од година во година, чекор по чекор, ги подобруваме условите за лицата со ретка болест и со конкретни мерки, овозможуваме помош, онаму каде што е најпотребна.
Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување.
Верувам дека секоја наредна кампања, преку заедничка соработка ќе можеме да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани