На следната седница на општина Охрид, советничката Живка Ангелоска, а воедно и членка на комисијата за родова еднаквост ќе поднесе Иницијатива за поголемо внимавање на родовата сензитивност при кроењето на општинскиот буџет. Секоја програма ќе треба да даде известување во кој дел се водело сметка за родово одговорно буџетирање.
Оваа иницијатива има за цел јакнење на економската моќ на жената. Родово сензитивниот буџет во основа ја има примената на родовата перспектива низ сите стадиуми од подготовката па се до реализацијата на буџетот.
-„Се уште не можеме да кажеме дека имаме родово одговорно буџетирање. Низ годините буџетите во Охрид кој што се носат содржат програми кои што влијаат врз женската популација, се носат доста мерки од областа на образованието, социјалната заштита, детската заштита мерки за обука квалификација, доквалификација на жени прептриемачи меѓутоа не поседуваме дирекни идникатори и показатели за да можеме да кажеме дека буџетот е родово сензитивен“, вели Живка Ангелоска членка на комизијата за родова еднаквост во изјава за МРТ.
Родово сезнитивниот буџет може да придонесе за поквалитетен живот на жените,за надминување на родовата неднаквсот, но за креирање на таков буџет потребни се консултации со невладиниот сектор, јавни расправи, анкети и анализи.
-„Тоа може да се постигне со различните алатки за двонасочна комуникација анализи, анкети, прашалници, јавни расправи, консултации и пред се кога ќе се спроведуваат јас би рекла да не се внимава на формата туку да се внимава на содржината, затоа што граѓаните најмногу знаат што им е потребно. И не секогаш она што локалната власт го има како приоритет некогаш не е ни потреба за граѓаните. Така да доколку предлозите доаѓаат дирекно од граѓаните во рамките на финансиските можности ќе имаме родово одговорно буџетирање“, додава Ангелоска.
Голем дел од секторските програми влијаат врз женската популација. Пристапните патеки, зелените површини, јавното осветлување, детски градинки во рурални средини се програми кои индирекно влијаат врз поквалитетен живот на женската популација.
Новинар Соња Рилковска