Почина Симон Илиески доајен на охридското новинарство

На 66 годишна возраст по кратко боледување, почина новинарот Симон Илиески од Охрид. Илиески важеше за еден од доајените на охридското новинарство.  Професионалец и врвен новинар и дописник од регионот   зад себе остави огомен број записи за весници, радио и ТВ куќи.

Илиески беше и  претседател на  регионалната канцеларија на ЗНМ, дописник за Канал 5 ТВ, дописник на Утрински весник. дел од тимот на Радио Охрид, локалните ТВ куќи ТВМ и НТВ,  дописник на Радио Београд. Последните години  од кариерата ги мина како портпарол на Општина Охрид.

Утре во 10 30 во општина Охрид ќе се одржи комеморација во чест на Илиески, а погребот ќе биде од 12 до 12 30 на градските гробишта во Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани